АКТОН е основана во 1991 година од приватни инвеститори. Од мала компанија, со амбициозна и напорна работа и голем ентузијазам и посветеност на вработените, АКТОН прерасна во признаен меѓународен оператор на телекомуникациски услуги. 
|
Компанијата го прошири своето присутство и делување во сите земји од Јадранскиот (Балкански) регион и со имплементација и управување со најнапредна и најсофистицирана мрежа во регионот, стана препознатлив телекомуникациски партнер на бизнис заедницата во целиот регион.
|
АКТОН групацијата е единствениот присутен телеком оператор во следните држави: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија. Главни продукти на АКТОН групацијата се: меѓународни интернет и гласовни услуги, услуги на меѓународен закуп на дигитални водови (IPLC), услуги на меѓународен и локален закуп на Етернет водови и понуда на Интернет капацитети во сите земји во склоп на нашата мрежа.
АКТОН групацијата е уникатна со своите луѓе, визија, покриеност и искуство.
|